Буџетските средства за одбрана предвидени за 2026 година ја надминуваат границата од 2% од бруто домашниот производ, што претставува исполнување на заедничкиот стандард поставен од НАТО за земјите-членки. Ова го соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамките на неговиот подкаст „Фласим“ (Разговараме).
Според изјавата на Рама, ова не е само статистички податок над пропишаниот минимум, туку сведочи за однапред смислен ангажман на државата кон нејзините обврски. Овој ангажман се однесува не само на меѓународните активности, туку и на поттикнувањето на развојот на нова одбранбена индустрија.
Рама нагласи дека буџетските средства за 2026 година ја сочинуваат најзначајната инвестиција во одбранбената сфера во досегашната историја на државата. Со ова се одбележува почетокот на долгорочна стратешка промена, насочена кон јакнење на воените и индустриските потенцијали на национално ниво.
“Ова е една поинаква Албанија, со зајакнати можности кои ќе ѝ овозможат на државата во одбранбениот сектор не само да троши, туку да генерира приходи. Со овие приходи, средствата ќе бидат реинвестирани.”
“Со инвестирање и реинвестирање, исто така ќе се зголемат можностите за квалитетно и добро платено вработување”, истакна Рама.
вт/јт/Фото: Принтскрин .