Денеска имав чест да присуствувам на потпишувањето на првиот Договор помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик, потпишан од страна на Министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски и еврокомесарката Ylva Johansson.
Договорот за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС), ќе значи уште побезбедни граници на нашата држава, зајакната безбедност на македонските граѓани, а со тоа и зачувување на границите и безбедноста на државјаните на ЕУ.
Исто така овој договор претставува темел за справување со предизвиците од миграцијата и зајакната заштита од потенцијални закани поврзани со сериозниот прекуграничен криминал.