8
Едина Муса со бебе на утакмица: Најмладиот навивач во салата
Објавено на 02/01/2026
Едина Муса се појави во сала со специјално „засилување“ – своето мало другарче, кое веќе ужива во кошаркарската атмосфера.
„Си родив другарче за на утакмици 😁 Си ужива и он, како да разбира кошарка 😂❤️“, напиша таа, а моментот веднаш измами насмевки кај сите што ја видоа објавата.
Со бебе во прегратка и спортски дух во воздухот, Едина покажува дека љубовта кон кошарката се пренесува уште од најрана возраст. Мал навивач денес – голем љубител на спортот утре.