Почетна ЕкономијаДо 5 февруари може да се пријавите за субвенциониран студентски оброк

До 5 февруари може да се пријавите за субвенциониран студентски оброк

од nenad
1 минути читај за

Министерството за образование и наука ги известува студентите дека периодот за поднесување барања за стекнување право на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година започнува денес и ќе трае до 5 февруари 2026 година.

Право на користење на субвенциониран оброк имаат сите редовни студенти на прв циклус студии чиј месечен приход не надминува износ еднаков на најниската нето плата. Исто така, ова право се однесува и на студентите запишани на втор циклус студии и на интегрирани студии, без разлика дали се на државни или приватни високообразовни институции во земјата.

Студентите кои ги исполнуваат наведените услови, а досега не поднеле барање, можат да го сторат тоа електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, според соопштението од Министерството.

Детални информации за условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на следната веб-страница: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina-. За помош при процесот на аплицирање, студентите може да се обратат на е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Студентите на кои им било укинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека и понатаму ги исполнуваат условите, имаат можност повторно да поднесат барање. Овој рок е отворен и за студентите кои не аплицирале во претходните периоди, информираат од Министерството за образование и наука.