Водителот откри зошто вечерва слави сам, додека сопругата со децата е дома
Водителот Огњен Амиџиќ вечерва го слави раѓањето на својата ќерка во еден ресторан во Белград, додека неговата сопруга Мина со децата е дома. Иако денеска неговата сопруга ја напуштила болницата со малата Лола, по нив дошол кумот, бидејќи Огњен не се чувствувал најдобро.
На почетокот на прославата, Амиџиќ откри дека денот бил исполнет со голема возбуда и замор. Тој изјави дека се надева оти ќе издржи до крајот на вечерта и дека веројатно станува збор за комбинација од стрес и можен вирус.
Според неговите зборови, Мина Наумовиќ се чувствува одлично и моментално е дома со децата. Огњен додаде дека нивниот син Перун е воодушевен од новото бебе и постојано сака да си игра со сестричката, што позитивно го изненадило семејството.
Поврзани објави
Мина сега се бори со нив двајца, а јас морав да ја преземам забавата“, искрено рече Амиџиќ, додавајќи дека би сакал да биде со семејството, но дека ќе има време и за тоа.
Потсетуваме, Огњен и Мина веќе имаат син Перун, додека од претходниот брак со Данијела Димитровска, водителот има и син Матја.
Instagram prntscreen/callmenaumi