Почетна Убавина и здравјеСите се вртеле по Кејт Мос кога се појавила во ОВА смело издание! – Убавина и здравје

Сите се вртеле по Кејт Мос кога се појавила во ОВА смело издание! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ретко која жена над 50 години би се осмелила да се облече како Кејт Мос

Можеби веќе не е на модната писта, но Кејт Мос повторно го потврдила својот статус на супермодел кога во вторникот се појавила на ревија на модната куќа „Сен Лорен“ за време на Модната недела во Париз.

Кејт (52) ги привлекувала сите погледи додека го заземала своето место во првите редови, облечена во свилена маичка со тантела и мини-здолниште со длабок прорез на средината што ги истакнувал нејзините долги нозе. Кејт носела и раскошна бунда, а изгледот го надополнила со проѕирни хулахопки и црни потпетици.

Манекенката пристигнала во Париз во понеделникот, а во вторникот присуствувала на ревијата на Роналд ван дер Кемп. На ревијата на машката колекција за есен/зима 2026-2027 се појавила и Суки Вотерхаус. Актерката (34) се одлучила за смело издание во фустан со длабоко деколте и отворен грб, украсен со бела панделка.

Поврзани објави

Ревијата на брендот „Сен Лорен“ собрала бројни ѕвезди, па така во првиот ред се нашле и Остин Батлер (34), Рами Малек (44) и Кејт Мара (42).

Неделата на висока мода, која трае до четврток, опфаќа 29 брендови на официјалниот календар, вклучувајќи и долго исчекувани дебитантски колекции на новите креативни директори. Првиот ден, „Диор“ го претворил музејот „Родин“ во чекалница за познатите личности, а потоа во градина.

Тоа е првата колекција на висока мода што ја претставил Џонатан Андерсон, северноирски дизајнер, кој го оживеал брендот Lueve, а сега прави нешто што „Диор“ никогаш не го побарале досега од еден човек: тој истовремено управува со машката и женската дивизија, како и со високата мода.

ФОТО: Инстаграм