Изјавата на Манe Ќурувија Каспер во подкастот на Боки 13 предизвика лавина реакции
Вереникот на пејачката Мина Костиќ, Манe Ќурувија Каспер, откри дека никогаш не бил премногу насочен кон формалното образование. Тој истакна дека уште на 18-годишна возраст почнал да работи во фабриката на својот чичко, оставајќи го школувањето во втор план.
Мина и Каспер веќе подолго време го привлекуваат вниманието на јавноста, а нивното гостување во подкастот на македонскиот водител Боки 13 предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. За време на разговорот, водителот директно го праша Каспер по што е образуван, а неговиот одговор ги остави сите во студиото без зборови.
По образование? Се трудам да бидам човек“, рече Каспер, по што настана молк.
Боки 13 коментираше дека тоа не може да се смета за образование, но Каспер продолжи во ист тон, прашувајќи дали дипломата навистина е најважна.
Во разговорот се вклучи и Мина Костиќ, која се обиде да ја разјасни ситуацијата, велејќи дека тој завршил економија. Сепак, Каспер појасни дека формалното образование не го довел до крај, бидејќи многу млад започнал да работи, а разговорот заврши со коментар од публиката дека е „филозоф по образование“, на што тој само кратко и помирливо одговори:
Па, добро…“.
Printscreen/Youtube/B-13 podkast