Table of Contents
Овие парчиња прават стајлингот да изгледа евтино и се одраз на невкус
Статистиката вели дека само околу 1 отсто од светската популација спаѓа во категоријата навистина богати. А интересно е што токму тие луѓе речиси никогаш не носат впечатливи и наметливи парчиња гардероба. За нив, таквите избори се невкусни и непотребни.
Денес, таканаречениот интелектуален минимализам стана водечки моден правец. Постојат и јасни податоци што го потврдуваат тоа – според статистиката на платформата Tagwalk, бројот на видливи логотипови во есенските и зимските колекции е намален за цели 54 отсто. Дискретната елеганција го замени демонстративниот луксуз.
Како пример ја земавме оваа Италијанка која секогаш изгледа отмено и луксузно, без оглед на годините…
Лошите обувки се знак на низок статус
Во светот на богатите, луѓето се проценуваат уште на прв поглед. А првиот детаљ на кој се обрнува внимание се обувките и модните додатоци. Тие мора да изгледаат квалитетно и негувано.
Причината не е само естетска. Обувките со лош квалитет не само што визуелно го нарушуваат целиот стајлинг, туку и брзо се распаѓаат. По само неколку сезони изгледаат истрошено, деформирано и евтино. Затоа, не се штеди на обувки – добрите обувки се инвестиција, а не трошок.
Евтините очила за сонце може да бидат опасни
Поврзани објави
Кај очилата за сонце не е пресуден само изгледот, туку и заштитата. Стаклата со лош квалитет можат сериозно да го загрозат видот. Темните стакла без УВ-заштита доведуваат до ширење на зениците на јака светлина, што овозможува уште повеќе штетни зраци да продрат до мрежницата. Со други зборови, очите тогаш се поизложени одошто се изложени без очила. Покрај тоа, евтините очила за сонце ретко траат подолго од една сезона. Попаметно е еднаш да вложите во квалитетни очила со вистинска УВ-заштита, отколку постојано да купувате нови што им штетат на очите.
Големите логотипови се луксуз што вреска
Блузоните и маиците со огромни логотипови на луксузни брендови полека заминуваат во минатото. Вистинските богаташи немаат потреба јавно да докажуваат колку имаат. Добар пример се ликовите од серијата „Наследство“. Нивната облека изгледа едноставно, речиси скромно – без никакви логотипови. Но кога ќе се погледне потеклото на тие парчиња, јасно е дека се купени во ексклузивни продавници што можат да си ги дозволат само мал процент на луѓе.
Едноставни правила за добар стил
- Критериумите на богатите се јасни:
- Вложете во квалитетни обувки
- Купувајте добри очила за сонце со УВ-заштита
- Одбегнувајте големи, впечатливи логотипови
Дискретниот стил, добрата изработка и трајните парчиња – тоа е тоа што остава впечаток на вистински луксуз.
ФОТО: Инстаграм