Почетна Убавина и здравјеСилните компании не се раѓаат, тие се градат – од луѓето! – Убавина и здравје

Силните компании не се раѓаат, тие се градат – од луѓето! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Разговор со директорот на Одделот за развој на производи и иновации во Diners Club Македонија за Економист: Светот во 2026-та.

Господине Тони, често велите дека силната организација започнува со силни луѓе. Како изгледа тоа во практика?

За мене тоа не е фраза, туку лична филозофија. Верувам дека секој човек доаѓа на работа со своја приказна, свои амбиции и свои стравови. Секоја стратегија, колку и да е паметно напишана, пропаѓа ако луѓето кои треба да ја реализираат немаат поддршка, ако не се јасно водени и правилно позиционирани. Кога ќе создадете средина каде секој вработен има јасни очекувања, стабилна поддршка и дефинирани можности за напредување, организацијата добива предвидливост, зрелост и одговорност.Често зборувате за структуриран прв квартал за секој нов вработен. Што е суштината во тоа?

Првите 90 дена ја дефинираат перцепцијата за компанијата. Затоа нашиот онбординг е дизајниран како мини-стратегија за раст, а не како административна процедура: секој вработен добива ментор, има јасен 90-дневен план со KPI цели, добива неделна повратна информација и рамка за тоа како изгледа успехот во неговата улога. Ова ја намалува неизвесноста, ги зајакнува резултатите и го забрзува интегрирањето во тимот.

 Како би ја опишале културата во Diners од лидерска перспектива?

Културата не е постер на ѕид. Таа е улогата што ја играш секој ден. Јас ја гледам како мешавина од три работи: почит, професионалност и искреност. Сакам луѓето да се чувствуваат слободни да кажат ако нешто не функционира. Сакам да предлагаат идеи, да критикуваат, да не се плашат да кажат „ова можеме подобро“. Имаме работа што бара прецизност, па затоа мора да функционираме како тим. Кај нас нема „мој оддел, твој оддел“. Има една цел: да испорачаме квалитет.

Во што најмногу инвестирате кога е во прашање развојот на луѓето?

Инвестираме во три димензии: знаење, лидерство и благосостојба. Тоа значи: сертификации и професионални програми, развојни модули за идни лидери, менторство, флексибилно работно време, приватно здравствено осигурување. Но најважната инвестиција е довербата. Кога човек знае дека компанијата верува во него, тој дава повеќе од 100%.

Поврзани објави

 Advantage не е нова картичка, но е една од најстратешките за Diners. Како ја гледате нејзината улога во дигитализацијата во управувањето со личните финансии во годините што следат?

Advantage е картичка која одамна ја докажа својата вредност – стабилна, сигурна и создадена за луѓе кои сакаат контрола и предвидливост во финансиското планирање. Преку MyDiners-апликацијата даваме целосен увид, паметни известувања, управување со трошоци и персонализирани препораки, алатки што им помагаат на корисниците да донесуваат подобри финансиски одлуки во реално време.

Нашиот фокус останува јасен: иновативни и дигитални решенија, но со највисок можен стандард во сајбер-безбедноста. Тоа е трендот што веќе доминира во глобалните финансиски системи, а ние го поставуваме како приоритет за 2026. Корисниците заслужуваат модерна услуга, но и апсолутна сигурност и Diners е посветен да го испорача и едното и другото.

 И на крај, каква иднина градите? И за луѓето, и за компанијата?

Градиме организација што учи, а не само што оперира. Градиме производи што додаваат вредност, а не само функционалности. И градиме тим што има амбиција да биде подобар од вчера. Во следните години, целта ми е да имаме уште посилни лидери во сите нивоа на компанијата, модернизирани услуги и култура на одговорност и иновација. Компанијата секогаш ќе оди онолку далеку колку што се подготвени да одат нејзините луѓе.

Текст: Економист: Светот во 2026-та

Фото: приватна архива