78
Министерката за животна средина, Каја Шукова, објасни дека во буџетот на нејзиното министерство недостасуваат 645 илјади евра поради компании кои не платиле за интегрирани А дозволи. Според новиот Закон за индустриски емисии, компаниите мора да го платат годишниот надоместок пред да добијат дозвола и да продолжат со работа. Министерката истакна дека во текот на нејзин мандат ќе се фокусира на управувањето со отпад и најави распишување на тендер за набавка на 7 илјади контејнери за селекција на отпад, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Средствата за набавката ќе дојдат од продажбата на биоразградливи најлонски кеси.