82
Два земјотреси со умерена јачина се регистрирани денеска во Грција.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит околу два часа по полноќ, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Епицентарот на земјотресот е регистриран на 139 километри од Ираклион, на длабочина од 24 метри.Уште еден земјотрес со јачина од 3,3 степени ја погоди Грција, овој пат во Јонското Море околу 8:30 часот по локално време.Епицентарот на земјотресот бил на 28 километри јужно од Закинтос, односно 110 километри југозападно од Патра, на длабочина од 19 километри.
.