Почетна Убавина и здравјеЌерката на Гоца Тржан во корсет што го истакнува деколтето – сите гледаат во стајлингот на Лена (ФОТО)

Ќерката на Гоца Тржан во корсет што го истакнува деколтето – сите гледаат во стајлингот на Лена (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Лена Маринковиќ со нова објава на Инстаграм предизвика бројни реакции и комплименти

Лена Маринковиќ, ќерката на пејачката Гоца Тржан, сподели фотографии пред излегување и со својот стајлинг повторно го привлече вниманието на јавноста. Нејзиниот моден избор предизвика бројни реакции, а најмногу коментари доби впечатливиот корсет што го носеше.

Откако го отвори својот профил на Инстаграм, Лена, која е во врска со фудбалер на Партизан, за кратко време стекна голема популарност на социјалните мрежи, особено меѓу помладата публика. Таа редовно споделува моменти од секојдневието, патувања и тренинзи, а новата објава уште еднаш ги воодушеви нејзините следбеници.

Овој пат се одлучи за едноставен, но ефектен аутфит. Носеше светли фармерки со широк крој, кафени папучи на потпетица и прилепен корсет во иста нијанса, кој го нагласува деколтето и ја истакнува фигурата.

Поврзани објави

printscreen instagram

Комбинацијата ја надополни со кафена чанта како аксесоар, додека косата ја стилизираше во меки локни. Целиот изглед зрачеше со елегантен, но во исто време лежерен шарм, што беше доволно причина фотографиите да добијат големо внимание на социјалните мрежи.

printscreen instagram/gocatrzan