Пејачката наводно решила да ги зачува матичните клетки за дополнителна здравствена сигурност на своето дете
Пејачката Милица Тодоровиќ, која се наоѓа во третиот триместар од бременоста, наводно донела важна одлука поврзана со здравјето и иднината на своето дете. Според информации, таа планира веднаш по породувањето да ги зачува матичните клетки.
Покрај плановите за преселба во поголем дом со цел да има повеќе простор за себе и за бебето, пејачката решила на својот наследник да му обезбеди дополнителна сигурност. Чувањето матични клетки е сè почеста пракса меѓу јавните личности, но и меѓу родители кои навреме размислуваат за здравјето на своите деца.
Поврзани објави
Според извор близок до пејачката, одлуката била донесена промислено и без двоумење, бидејќи таа ја смета за важна инвестиција во иднината на семејството. Иако ретко зборува јавно за бременоста и приватниот живот, нејзиниот однос кон здравјето отсекогаш бил одговорен.
Чувањето матични клетки по породувањето овозможува нивна потенцијална примена во лекување на различни заболувања, што е главната причина зошто сè повеќе родители се одлучуваат на ваков чекор. Инаку, истата одлука ја донела и нејзина блиска пријателка и соработничка, на која пејачката неодамна ѝ честитала по повод раѓањето на ќерка.
milica todorovic instagram 2024