Почетна Убавина и здравје„Не важи ако сакате да му умре козата на комшијата“! Ова сакаше да го истакне – Убавина и здравје

„Не важи ако сакате да му умре козата на комшијата“! Ова сакаше да го истакне – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката и текстописец на „Ареа“ се пошегува со познатата мисла од „Алхемичарот“ на Пауло Коељо и сподели свое, духовито толкување.

Ружица Милошеска-Брчиоска повторно привлече внимание со духовита објава на социјалните мрежи. Пејачката и текстописец на „Ареа“ се осврна на една од најпознатите мисли од романот „Алхемичарот“ на Пауло Коељо – дека кога нешто силно посакуваме, целиот универзум се здружува за да ни помогне да го оствариме.

Ружица, сепак, на цитатот му даде свое толкување и со доза хумор посочи дека оваа теорија не може да важи за секоја желба. „Мислам дека овој цитат од „Алхемичарот“ на Пауло Коељо е само делимично точен по смислата што ја дава. На пример, ова не функционира ако посакате да му умре козата на комшијата“, напиша таа.


Поврзани објави

Покрај музиката, Милошеска-Брчиоска често споделува и лични размислувања со јавноста. Зборувајќи за создавањето на песните на „Ареа“, таа објаснила дека нивните текстови најчесто не се директни приказни за конкретни настани, туку се инспирирани од внатрешни чувства и емоции поттикнати од случувањата во животот. Според неа, токму затоа песните на бендот на одреден начин можат да се доживеат и како автобиографски.

„Ареа“ својот прв јавен настап го имаше на скопскиот „Рок фест“ во 1992 година, а низ повеќе од три децении остави препознатлив белег на македонската поп-рок сцена. Ружица неодамна зборуваше и за трајноста на нивната музика, истакнувајќи дека е прекрасно чувството што нивните песни и денес живеат меѓу различни генерации.

Фото: Facebook