Македонскиот шоумен и инфлуенсер дојде во Белград за да ја исполни својата заклетва и оддаде последна почит на големата композиторка која му беше поддршка во најтешките моменти.
Боки 13, македонски шоумен и инфлуенсер, конечно го исполни ветувањето кое и го дал на големата српска композиторка Марина Туцаковиќ. По доаѓањето во Белград, првата негова посета беше гробот на Марина, која му беше голем пријател и поддршка во најтешките животни моменти. Солзите кои се слеваа од неговото лице зборуваа повеќе од зборовите.
Кога Марина Туцаковиќ ја изгуби битката со болеста, Боки 13 не можеше да присуствува на нејзината погребна церемонија, бидејќи тогаш издржуваше казна во затвор во Скопје. Токму тогаш тој се заколна дека првата прилика кога ќе дојде во Белград ќе го посети нејзиниот гроб.
Тоа го ветив на денот кога Марина почина додека бев во затвор, дека првата посета во Белград ќе биде на нејзиниот гроб. Денес го исполнив ветувањето! Душата ми е смирена, а солзите течат како река. Те сакам најмногу“, напиша Боки 13 на својот Инстаграм профил.
За потсетување, на 19 септември ќе се навршат четири години од нејзината смрт.
printskrin Youtube – boki 13