Почетна Убавина и здравјеЗлата Петровиќ за семејното проклетство – синот прокоцкал богатство, таа со години враќала долгови

Злата Петровиќ за семејното проклетство – синот прокоцкал богатство, таа со години враќала долгови

од nenad
1 минути читај за

Пејачката открила дека повеќе од петнаесет години тајно ги отплаќала коцкарските долгови на својот син, но конечно ставила точка на тоа.

Злата Петровиќ првпат отворено проговори за она што го нарекува „породично проклетство“. Пејачката откри дека нејзиниот постар син, кого го доби во брак со Хасан Дудиќ, со години се борел со коцкарскиот порок. Таа призна дека живеела во вистинска агонија, обидувајќи се да го спаси од пропаст, но истовремено обвинувајќи се себеси.

Мајка ми се коцкала, тоа ни беше како круг од кој не можевме да излеземе. Денес имавме сè, утре немавме ништо. Првпат кога заработив свои пари, реков дека ќе пеам и никогаш нема да дозволам да останам гладна“, изјави пејачката.

Таа додаде дека токму тој порок од мајка ѝ преминал на нејзиниот син, што ја натерало да работи без престан за да ја издржи целата фамилија.

Злата Петровиќ искрено признала дека со години плачела, знаејќи дека нејзиниот син ќе прокоцка сè што ќе заработи.


Поврзани објави

Петнаесет години молчев и ги враќав неговите долгови. Еден ден само реков – доста е! Ставив крај и повеќе не се обвинував себеси“, изјавила таа.

Долговите биле огромни, а враќала во рати, криeјќи ја вистината од јавноста. Иако периодот бил исклучително тежок, на крајот приказната има среќен епилог.

Синот Мики успеал да ја победи зависноста, денес активно се занимава со музика и е во одлични односи и со мајката и со таткото. Дополнително, тој ѝ подарил на пејачката и најголемото богатство – своите деца, кои ја направиле горда баба и ја исполниле со нова радост.

printskrin Youtube – kurir zlata petrovic