„Гостин за песна и даде банкнота од 500 евра, која таа брзо ја згужва и ја држеше во рака. Помалите пари уредно ги оставаше, а овие 500 евра ги присвои за себе. Замина без поздрав на помошен излез за да не ја забележиме“, раскажа Борис, додавајќи дека кога ја контактирал, таа му одговорила дека „сама одредува колку ѝ припаѓа“.
Слични обвинувања изнесе и пејачката Сандра Решиќ, која тврди дека во минатото и неа ѝ земала пари и бакшиш од миксетата, по што колегите морале да ја бараат низ град.
Овие контроверзи се надоврзаа и на неодамнешниот инцидент кога Мина беше забележана во трговски центар како излегува со неоплатен дел од гардероба, по што таа се правдаше дека станува збор за обична административна или човечка грешка.