Пејачката покажува колку ужива во друштво на својата ќерка Хана, дури и додека медиумите го коментираат разводот на нејзиниот поранешен сопруг.
Наташа Беквалац преку социјалните мрежи покажа како ужива во друштво на својата ќерка Хана, која ја доби во бракот со Данило Икодиновиќ. Пејачката отпатува во Мадрид каде Хана ќе продолжи со школувањето, а топлиот септемвриски ден го искористи за прошетка низ градот, при што силно ја прегрна и бакнуваше ќерката.
Во еден момент, истото го направи и Хана, што предизвика бројни позитивни коментари од следбениците:
Колку сте убави“, „Гледај мајка, бирај ќерка“, „Прекрасни дами“.
Тие моменти покажуваат дека и покрај разводот, мајката и ќерката го негуваат својот топол однос.
Поврзани објави
Иако Наташа и Данило се разведоа во 2011 година по пет години заеднички живот, тие се трудат да одржуваат пријателски однос поради Хана. Јавноста ретко ги гледа заедно, освен на значајни моменти како што беше матурата на Хана.
printskrin Youtube -bekvalac