Пејачот се пошегува за наводниот долг, додека зборуваше за летната сезона и време со семејството.
Дарко Лазиќ се врати од настапите во странство и беше забележан од новинарите на аеродромот. Во краток разговор, пејачот зборуваше за летната сезона која, како што рече, била послаба од претходните години, за предстојниот одмор и времето што планира да го помине со семејството.
Многу ми недостасуваат и едвај чекам четврток да се вратат,“ откри тој за сопругата и синот.
На прашањето дали би се обидел како член на жирито во музичко натпреварување, Лазиќ искрено одговори дека тоа не го интересира.
Поврзани објави
Не се гледам себе во таа улога, немам трпение за тоа,“ додаде пејачот, потенцирајќи дека сака да ужива во музиката и семејството, без дополнителни обврски.
Кога тргна кон автомобилот на аеродромскиот паркинг, Дарко Лазиќ се пошегува за наводните долгови:
Сега ќе ме гепекуцаар. Чекаат ме каматаши,“ рече тој со насмевка, оставајќи фановите да се смеат, но и да се загрижат за неговата судбина.
printskrin Youtube – AmiG Show darko lazic