Пејачката сподели дека иако физички го нема татка ѝ, неговата љубов и заштита ја носи секогаш во срцето.
Кога имаше само две години, Анастасија Ражнатовиќ остана без својот татко, Жељко Ражнатовиќ, што остави голема празнина во нејзиното детство. Таа признава дека многу ѝ недостасувала таткова фигура и дека и денес чувствува болка бидејќи нема многу сеќавања на моменти со него.
И покрај тоа, таа чува спомени што ѝ ги прераскажувале членови на семејството, а неодамна на социјалните мрежи покажа мала фотографија од татко ѝ која секогаш ја носи со себе.
Цел живот ми недостасуваше, но секогаш е со мене,“ напиша таа, предизвикувајќи силни емоции кај следбениците.
Поврзани објави
Во интервју за медиумите, Анастасија зборуваше за гордоста што е ќерка на Жељко и за неговата љубов кон семејството и земјата. Следбениците ѝ дадоа поддршка и изразија восхит кон нејзината искреност и сила, а фотографијата стана симбол на вечна врска со таткото.
printskrin Youtube – Anastasija Raznatovic