Почетна Убавина и здравјеGalaxy A55 5G и Galaxy Fit3! – Убавина и здравје

Galaxy A55 5G и Galaxy Fit3! – Убавина и здравје

од nenad
4 минути читај за

Како дел од поширокиот екосистем на Samsung Galaxy, новиот паметен телефон Galaxy A55 5G овозможувa беспрекорно и интегрирано искуство создадено да ви го олесни секојдневието.

Покрај можноста за поврзување на вашиот нов Galaxy A55 5G со Galaxy слушалките, часовникот или Galaxy таблетот, тука е и фантастичната можност за поврзување со новата фитнес-нараквица Galaxy Fit3.

Но да започнеме со ред: Зошто токму Galaxy A55 5G?

Samsung неодамна го претстави телефонот Galaxy A55 5G од годинешната линија на Galaxy А телефони, создадени да бидат достапни за уште повеќе корисници кои ќе уживаат во врвните технолошки достигнувања од исклучителните можности за фотографирање до најнапредни безбедносни карактеристки.

Galaxy A55 5G го добиваме со извонредни функции на системот од камери, како што се оптичката стабилизација на слика (OIS) и видео дигитална стабилизација на слика (VDIS) кои обезбедуваат остри и стабилни снимки во секое време.

Екранот Super AMOLED ја прикажува сликата во Full HD со неверојатна јасност и живописни бои, додека пак технологијата Vision Booster дополнително гарантира дека екранот е јасен и осветлен при секакви надворешни услови, што дополнително го подобрува искуството на гледање.

Подобрената динамична функција Nightography, овозможува ноќните фотографии да достигнат нови димензии кога станува збор за нивниот квалитет, без оглед во какви услови на осветлување сликаме или снимаме.

Напредната обработка на сигналот на сликата со вештачка интелигенција дава неверојатни резултати дури и во најтемно опкружување кога сликаме со Galaxy A55 5G.

Со одличен дизајн со трите камери во рамна метална рамка за полесно и интуитивно држење, екранот поседува стакло Corning® Gorilla® Glass Victus®+, што го прави поцврст и поотпорен на штети.

Боите во кои можете да го имате овој телефон се внимателно одбрани го прават уште попрекрасен – леденосина, светловиолетола, темносина и боја на лимон.

А што се однесува до ажурирањата на интерфејсот, овој телефон поддржува до 4 генерации на надградба на Android и One UI, како и пет години безбедносни ажурирања. Ова значи дека вашиот Galaxy A55 5G ќе биде безбеден, надграден и ажуриран со најновите карактеристики на Galaxy и Android.

А кога сме кај безбедноста, треба да се истакне дека, иако серијата Galaxy A припаѓа на средната класа телефони, сепак кај овој уред за прв пат е вклучено безбедносното решение Samsung Knox Vault (Knox Trezor) кое досега го гледавме само кај телефоните од премиум класата.

Оваа безбедносна платформа базирана на хардвер кој штити од неовластен пристап, нуди сеопфатна заштита што ќе ви овозможи да уживате во исклучително мобилно искуство без да се грижите за своите чувствителни податоци кои ги внесувате во телефонот.


Поврзани објави

Што ви нуди нараквицата Galaxy Fit3?

Сигурно сте забележале дека се почесто физичките активности за одржување на добро психо-физичко здравје ги мериме со уреди од нашиот зглоб.

Токму тоа е првенствената улога на новата нараквица Galaxy Fit3 која исто така и ве поттикнува да останете активни и да се грижите за вашето здравје.

Со батерија која трае до фантастични 13 дена со едно полнење, оваа нараквица од вашиот зглоб може да следи над 100 тренинзи, дневни активности, но и вашето спиење. Со можноста да го следи вашиот шаблон на спиење во текот на ноќта, ќе ги дознаете за своите фази и начинот на спиење, како и за нивото на кислород во крвта.

Благодарение на елегантниот дизајн, тенкото алуминиумско тело од 18,5гр секогаш ќе се вклопи во вашата рутина за вежбање, а оценките 5ATM и IP68 значат дека оваа нараквица е отпорна на дожд и прашина.

Дополнително, од овој уред можете да репродуцирате музика, да проверувате повици и да праќате СМС.

Штом ја почувствувате моќта на поврзаноста на Galaxy екосистемот, уште повеќе ќе ги забележувате сите придобивки, не само како поддршка за вашето здравје, туку и во секојдневното модерно живеење.

Бонус-придобивка за секој нов купен Galaxy A55 5G

Искористете ја промотивната понуда која е во тек и добијте бесплатна услуга Microsoft 365 Basic во времетраење од 6 месеци, како 100 GB простор за складирање на облак. Со секој нов купен Galaxy A55 5G телефон ќе добиете и безбедна е-пошта без реклами и пристап до поддршка од Microsoft. Повеќе за оваа промоција прочитајте тука.

Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a55-5g-awesome-lilac-256gb-sm-a556blvceuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-fit/galaxy-fit3-silver-bt-sm-r390nzsaeuc/

Текст и фото: ПР