Почетна Убавина и здравјеЗатегнете ги и кожата и контурите на лицето – техника што можете сами да ја изведувате!

Затегнете ги и кожата и контурите на лицето – техника што можете сами да ја изведувате!

од nenad
4 минути читај за

Дали знаете дека мускулите на нашето лице, кога се движат, директно ја движат нашата кожа, а не зглобовите – што е случај со сите други мускули во телото. На пример, кога ќе го стегате бицепсот, вашата рака се движи од лактот. Но кога се движат мускулите на лицето, создаваат мимични линии на нашата кожа.

И иако во „Убавина и здравје“ се трудиме да ги сакаме линиите што го отсликуваат нашиот карактер и ја раскажуваат приказната за нашиот живот, секогаш сме отворени за совети кои можат да ни помогнат да изгледаме посвежо, без разлика на возраста.

Затоа вниманието ни го привлече книгата The Glow Plan, на која случајно наидовме додека се скролавме низ Инстаграм. Станува збор за издание на авторката Абигејл Џејмс (@abigailjames1), во кое пишува за тоа како стареењето влијае на кожата, а особено се фокусира на масажата на лицето и обезбедува целосен четиринеделен план.

Решивме да дознаеме повеќе за масажата на лицето, а ви носиме неколку техники за масажа на Абигејл „направи сам“.

Придобивки

Масажата како што има позитивен ефект врз телото, така има и на лицето, помагајќи да се намалат знаците на стареење и опуштеност на кожата. Не само што го поддржува мускулниот тонус и ги одржува контурите туку и ги стимулира микроциркулацијата и кислородот во ткивата на кожата.

Благодарение на ова, клеточната активност останува зачувана и кожата изгледа помладо. Всушност, масажата ги зголемува енергијата и протокот на крв во кожата, поддржувајќи го процесот на производство на колаген и еластин.

Видови масажа на лице

Денес постојат многу напредни третмани за нега на кожата, кои вклучуваат иновативни технологии, но не треба да се занемари моќта на човечкиот допир. Во зависност од потребите на кожата, кога станува збор за масажа на лицето, се користат различни техники. Некои од нив се:

Акупресура: масажата со притискање на клучните точки, кога се применува во нега на кожата, може да биде корисна за смирување на реактивната или осетлива кожа.

Лимфна дренажа: овој тип масажа е одлична против отоци и за елиминирање отрови. Нанесете масло на лицето. Ќе им овозможи на прстите или на алатката подобро да лизгаат, а исто така ќе ја хидрира и негува кожата

Тапкање: oваа стимулативна ритмичка техника е одлична за намалување на знаците на стареење, особено на местата на кои кожата е многу тенка.

Релаксација: овој смирувачки стил на масажа е одличен како техника за благосостојба и грижа за себе.

Како да се изборите со отоците

Подуеноста може да биде резултат на недостиг на сон или вежбање, лоша исхрана или на погрешни производи за нега на кожата.

За да се ослободите од „вреќичките“ во пределот под очите, со помош на средниот и малиот прст, движете се од мостот на носот нанадвор, кон слепоочниците, повторувајќи четири до пет пати.


Поврзани објави

Притисокот не смее да биде премногу силен, но ниту премногу слаб.

Ако сте отечени на други делови од лицето, поминете со прстите на двете раце од средината на лицето кон линијата на косата, како да цртате хоризонтални линии низ кожата. Овие движења ќе ја стимулираат и исцедат лимфата и ќе ги елиминираат токсините.

Користете алатки за масажа кои ќе ви помогнат во постигнувањето резултати. Изберете гуа ша или валјак од омилениот полускапоцен камен – одлични се за лимфна дренажа, микроциркулацијата и за контурирање. Услов: да бидете упорни и редовени

3 производи што ги обожаваме

Vichy Mineral 89 со хијалуронска киселина од природно потекло: ја хидрира и ја храни вашата кожа, 1.632 ден.

Anesi dermo tenz gel immediate effect 30 ml at the best price in edenshopDermo Tenz гел Anesi за моментален лифтинг-ефект, 1.390 ден.

Lancôme Génifique καταπραϋντικός και ενυδατικός ορόςLancôme Advanced Genifique Sensitive, серум за лице за сите типови кожа, вклучувајќи ја и осетливата, 6.230 ден.

DIY: Научете ги основите

Научете неколку техники за масажа на лицето бидејќи тие ќе ви помогнат да се ослободите од знаците на замор и да ги намалите брчките. Vоопшто не е тешко, пробајте!

Усни: кловн. Отворете ја устата широко. Ова движење влијае на намалување на брчките околу усните.

Очи: був. Затегнете ги контурите околу очите, отстранете ја отеченоста и елиминирајте ги темните кругови така што со палецот и показалецот ќе направите облик C.

Потпрете го показалецот на веѓата, а палецот на јаболчната коска, а потоа, колку што е можно повеќе, раширете ја кожата околу очите со подигнување на веѓите. Држете неколку секунди, а потоа, држејќи ги прстите во иста положба, затворете ги и отворете ги очите неколку пати.

Чело: мачкини шепи. Со двете раце лизгајте ги врвовите на прстите од средината на челото кон слепоочниците. Оваа техника ги измазнува брчките на челото.

Хоризонтални брчки: спанко. Измазнете ги брчките на челото гледајќи надолу без да го свиткате вратот.

Линија на вилицата: змија. За да ја намалите опуштената кожа на линијата на вилицата, опуштете ја вилицата, а потоа свиткајте и подигнете го врвот на јазикот за да го допрете мекото непце.

Текст: Јасмина Убипарип

Leave a Comment