Почетна ЕкономијаМАПАС: Ден на пензиска свесност со информирање, забава и награди

МАПАС: Ден на пензиска свесност со информирање, забава и награди

од nenad
1 минути читај за

По повод одбележувањето на Денот за пензиска свест – 15 Септември, Агенцијата за надзор на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска ќе организира настан во периодот од 11:00 до 13:30 часот. Локацијата е во вториот дел на Градскиот парк, наспроти паркот за кучиња. Целта на настанот е да им се даде можност на сите граѓани да се информираат за нивните права во пензискиот систем, а истовремено и да се релаксираат и да освојат подароци.

„Од исклучителна важност е сите граѓани да имаат точни информации за функционирањето на пензискиот систем, како и за нивните права и можности. Токму затоа ги повикуваме сите да се приклучат на овој настан, да им ги разјасниме сите недоумици и заедно, во убава, неформална атмосфера, да се дружиме“, се наведува во изјавата од МАПАС.

Присутните ќе имаат можност директно да разговараат со претставници на МАПАС и пензиските фондови, поставувајќи прашања на кои ќе добијат квалификувани одговори.

Дополнително, програмата ќе биде збогатена со музички изведби, забавни активности, креативна игра за најмладите, како и квиз на знаење на кој ќе бидат поделени повеќе од 180 награди.

„Со оваа активност, МАПАС ја нагласува важноста граѓаните да бидат активни учесници во пензискиот систем, да ја следат својата пензиска состојба и навремено да планираат сигурна иднина. За нас е исклучиво важно граѓаните навремено да го планираат своето пензионирање и да бидат информирани за пензискиот систем, бидејќи секој граѓанин заслужува сигурна и стабилна иднина“, заклучија од МАПАС.

сст/мд/Фото: Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС .

Извор: МИА