Почетна ЕкономијаМеџити: Инспекторите се на терен, компанијата има важечка дозвола за работа

Меџити: Инспекторите се на терен, компанијата има важечка дозвола за работа

од nenad
1 минути читај за

Заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети погоденото место од пожарот во Трубарево, во фабрика за рециклирање акумулатори и електронски отпад.

“Со право предизвика загриженост кај сите нас. Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент.” – изјави Меџити.

Веднаш по приемот на веста за пожарот, сите релевантни служби – Министерството за животна средина, пожарникарските тимови и останатите институции – навремено реагираа и состојбата моментално е под контрола.

“Од 14:00 часот, инспекторите се на терен и вршат мерења на квалитетот на воздухот. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Тие ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка. Дотогаш, ве повикувам сите да ги почитувате препораките на Министерството за заштита на вашето здравје и безбедност,” рече Меџити.

Во известувањето од неговиот кабинет, министерот за животна средина истакна дека компанијата во чиј објект вчера попладне во Трубарево се случи пожарот, поседува валидна десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021 година.

“Во тесна соработка сме со сите институции за што побрзо и поефикасно надминување на оваа несреќа,” додава Меџити.