Почетна Убавина и здравје„Потоп од солзи“ – Ацо Пејовиќ со кнедла во грло ја откри најгорчливата вистина од животот

„Потоп од солзи“ – Ацо Пејовиќ со кнедла во грло ја откри најгорчливата вистина од животот

од nenad
1 минути читај за



Пејачот се потсети на детството во дом и на најтешкиот удар – загубата на родителите

Ацо Пејовиќ гостувајќи во емисијата „Из профила“ со треперлив глас ја сподели најтешката приказна од своето детство. Тој откри дека на само 14 години морал да ја напушти семејната куќа во Пријепоље и да замине во Подгорица, каде што бил сместен во детски дом за да може да се школува. Условите биле тешки – соби со по шест или седум ученици и заеднички купатила, што за младо момче било голем шок.

Не плачев, но ноќите ми беа тешки. Си во град каде не познаваш апсолутно никого, а треба да се снајдеш и да истуркаш заради целта – музиката,“ се присети Пејовиќ.

Најтежок удар за пејачот, сепак, била загубата на неговите родители.


Поврзани објави

Тие двајца за три години си отидоа едно по друго. Тоа ми беше најтешко,“ искрено призна Ацо.

Болката по нив, како што вели, никогаш не исчезнала.

И ден денес, кога излегувам да прошетам, ја фаќам навиката да го земам телефонот и да ги побарам. Многу работи не им кажав, а најмногу жалам што не доживеаја да ги видат внуците, кои станаа успешни луѓе,“ заврши со солзи во очите познатиот пејач.

printskrin Youtube – K1 TELEVIZIJA ACO PEJOVIC