Во тајност започна снимањето на новата серија „Марина и Фута“, која ќе го прикаже животот на еден од најпознатите и највлијателните парови на балканската музичка сцена, Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ – Фута. Дејството е сместено во осумдесеттите години и ќе го следи нивниот професионален и приватен пат, без оглед на тоа што нивниот однос веќе беше делумно прикажан во успешниот филм „Недела“.
Улогата на легендарната авторка на текстови повторно ќе ја толкува актерката Милица Јаневски, додека името на актерот кој ќе го игра Фута се држи во тајност, иако се шпекулира дека тоа би можел да биде Златан Видовиќ. Актерката изјави дека чувствува голема одговорност да го долови духот на Марина без да направи карикатура или имитација, со оглед на огромниот опус и карактер што таа го остави зад себе.
Поврзани објави
Серијата се очекува да биде хроника на една цела епоха, прикажувајќи го преминот од уредениот југословенски поп-рок во хаосот на деведесеттите и раѓањето на турбофолкот. Марина и Фута беа епицентарот на музичката индустрија, создавајќи ѕвезди од анонимни таленти и пишувајќи песни за најголемите имиња како Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца и Џеј Рамадановски. Марина во својата кариера напиша повеќе од 4.000 песни кои ја одбележаа балканската сцена.
Покрај професионалните успеси, приказната ќе ги опфати и големите семејни трагедии на парот, вклучувајќи ја смртта на нивните два сина, Милош и Милан Лаќа Радуловиќ. Проектот се реализира со поддршка и одобрување на самиот Фута, кој по тешките загуби и се врати на музиката работејќи на филмот за Џеј и нови песни за Цеца Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм Принтскрин