Почетна ЕкономијаПолска добива 43,7 милијарди евра од програмата „Безбедносна акција за Европа“

Полска добива 43,7 милијарди евра од програмата „Безбедносна акција за Европа“

од nenad
1 минути читај за

Полскиот министер за одбрана, Владислав Кошињак-Камиш, објави дека Полска ќе добие 43,7 милијарди евра од програмата на ЕУ, „Безбедносна акција за Европа“ (Security Action for Europe /SAFE), за зајакнување на своите воени сили.

Полска ќе претставува најголемиот бенефит од оваа значајна иницијатива, чија вредност достигнува десетици милијарди евра. Полскиот премиер, Доналд Туск, изјави: „Не сум овластен да откривам детали, но можам со целосна доверба да кажам дека Полска ќе има апсолутно доминантна позиција во однос на користењето на ова финансирање“.

Според премиерот Туск, Европската комисија наскоро треба да ја објави распределбата на финансиските средства помеѓу земјите кои аплицирале за добивање средства од програмата на ЕУ. Вкупниот обем на фондот изнесува 150 милијарди евра, а Варшава бара приближно една третина од целосниот износ, односно 45 милијарди евра.

Во март, на вонреден состанок во Брисел, беше усвоен план за вооружување на земјите од ЕУ, со вредност од 800 милијарди евра, кој предвидува заедничка набавка на оружје. Подоцна, Советот на ЕК го одобри создавањето на програма за дејствување во областа на европската безбедност во висина од 150 милијарди евра, како дел од долгорочната програма за воено вооружување до 2030 година.

На состанокот на НАТО, кој се одржа минатиот јуни во Хаг, беше донесена одлука за зголемување на воените трошоци на европските земји на пет проценти од бруто домашниот производ до 2035 година.

МИА / Фото: Икс