Иако внимание привлече модниот избор, парот не штеди ниту на автомобили
Ана Севиќ го привлече вниманието на следбениците со својот моден избор за плажа. Пејачката и водителка позираше во бел мини чипкан фустан, под кој се назираше костим во боја на кожа, а целото издание го надополни со луксузна торба вредна 2.500 евра.
Последниве денови, Ана редовно ги споделува моментите од семејното летување со своите деца и сопругот Даниел Неделковиќ, со кого започна нов живот по разводот од Дарко Лазиќ. Публиката не може да не забележи и внимателно одбраните модни комбинации.
Иако внимание привлече модниот избор, парот не штеди ниту на автомобили. Нивниот возен парк вреди околу 400.000 евра, што дополнително ја потенцира нивната љубов кон луксузот.
Следбениците коментираат дека Ана со својот стил и избор на додатоци создава вистински моден момент на плажа, а секоја објава предизвикува лавина од реакции на социјалните мрежи.
Instagram printscreen/ana s