Во периодот од јануари до јули годинава, Албанија забележа 6,6 милиони туристички посети, што претставува зголемување од четири отсто во споредба со истиот период претходната година.
Албанскиот Завод за статистика (ИНСТАТ) презентираше извештај во кој се потврдува дека државата привлекла преку 225,000 повеќе туристи во споредба со минатата година. Овие податоци укажуваат дека туризмот продолжува да биде значаен поттикнувач на економските параметри, како и на вработувањето во земјата.
“Туристите доаѓаат главно од европскиот регион, сочинувајќи околу 95 проценти од странските туристи. Најбројни се туристите од Косово, Македонија, Италија, Шпанија и Франција.”
ИНСТАТ додава: “Ова потврдува дека Албанија останува главно регионална и медитеранска дестинација, но нема недостаток и на туристи од далечни пазари како што се Америка, Азија или Африка, кои, иако даваат скромен придонес, се во постојан пораст.”
Се предвидува дека Албанија ќе оствари повеќе од 12 милиони странски посети оваа година.
Државата континуирано се афирмира од страна на интернационалните медиуми како една од најдобрите дестинации за одмор, не само поради нејзиниот брег, туку и заради останатите природни атракции. Ова резултираше со континуиран раст на туризмот и надвор од летната сезона.
вт/ми/Фото: Министерство за туризам ФБ
Извор: МИА