Пејачката откри детали за инцидентот со обожавателка по кој завршила со ортопедска крагна
Пејачката Марија Шерифовиќ јавно проговори за немилиот настан што ѝ се случил во ресторан, кога била физички нападната од девојка, по што добила повреда на вратен пршлен и морала да носи ортопедска крагна.
Одговарајќи на прашања од следбениците на социјалните мрежи, таа раскажа дека инцидентот се случил додека била на вечера. Непозната личност ѝ пришла со барање за фотографија, на што таа се согласила. По неколку повторени барања за нови фотографии, вклучувајќи и фотографирање со сестрата на девојката, ситуацијата продолжила и подоцна во дискотеката која се наоѓала во истиот локал.
Повторно ми пријде и во тој момент си помислив: ‘Што уште сега?’. Очигледно кај неа се појави бес и настана турканица“, раскажа пејачката, објаснувајќи дека ситуацијата ескалирала ненадејно и агресивно.
Таа откри дека девојката ја протнала раката преку пријателите и обезбедувањето и силно ја фатила за врат.
Ме стегна многу силно, јас се извлеков, но слушнав јасно ‘крц’. Потоа морав да носам крагна бидејќи имав повреден пршлен“, изјави таа во видео објава на својот Јутјуб канал.
Printscreen/Youtube/Marija Šerifović