Иако долго време немале близок контакт, загубата длабоко ја потресе Луна
Луна Џогани повторно ги разнежни своите следбеници со емотивна објава посветена на својот покоен свекор Добривоје Миљковиќ. Таа на Инстаграм објави фотографија на која тој ја држи во прегратка малата Лана, ќерката на Луна и Марко Миљковиќ, што предизвика голема емпатија и тага кај јавноста.
Потсетуваме, пред само неколку дена Марко Миљковиќ ја соопшти веста за смртта на својот татко. Веднаш потоа, Луна со трогателни зборови му се заблагодари на свекорот за сите убави моменти и му посака да почива во мир.
Иако долго време немале близок контакт, загубата длабоко ја потресе Луна. Нејзината најнова објава уште еднаш потврдува колку семејните спомени имаат трајна вредност, особено кога се врзани со најмладите членови на семејството.
Поврзани објави
Кратко по објавата на Луна, и Марко се огласи, споделувајќи видео на кое неговиот татко со насмевка игра со внуката. Емотивните сцени ги потсетија обожавателите на значењето на семејната љубов, која останува жива и по заминувањето на најмилите.
printskrin Youtube – ESTRADA IZ DRUGOG UGLA LUNA DZOGANI