Почетна Убавина и здравјеНе постои поедноставен начин од овој! – Убавина и здравје

Не постои поедноставен начин од овој! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Дознајте како да го одзатнете мијалникот со помош на течност за садови

Веројатно ви се случило некогаш при миењето садови, водата во мијалникот едноставно да престане да истекнува, а одводот да произведува чуден звук на меурчиња. Постои едноставен начин да се исчисти затнатиот одвод, без користење мешавина од сода бикарбона и оцет.

Главната причина зошто одводите се затнуваат е тоа што остатоците од храна, детергент и масните наслаги секојдневно влегуваат во цевките и на крајот ги затнуваат.

Зошто не сода бикарбона и оцет?

Газираната комбинација на сода бикарбона и оцет е неефикасна во борбата против одводите затнати со маснотии. Тоа е така затоа што содата бикарбона е база, додека оцетот е киселина, а нивната хемиска реакција произведува вода со мала количина на сол во неа, не средство за чистење на одводот.

Оцетот и содата бикарбона се многу популарни состојки кога станува збор за чистењето без хемикалии. Сепак, иако се одлични за отстранување дамки, не можат да ги уништат мастите и маслата кои предизвикуваат затнати одводи. И двете можат да го исчистат одводот, но ниту оцетот ниту содата бикарбона не можат да ги растворат наслагите. Премногу сода бикарбона во цевките може и да ја влоши ситуацијата.

Решение за одзатнување одводи

Сè што ви треба е мешавина од течност за миење садови и зовриена вода.

Поврзани објави

Имено, детергентот е создаден за да ги раствора маснотиите и маслата, така што брзо ќе ги стопи, додека топлината од зовриената вода ќе помогне да се отстранат сите наслаги во цевките.

Како да ја направите мешавината

Зовријте помеѓу пола литар до литар вода, во зависност од големината на вашиот одвод, па додајте околу 120 мл течност за миење садови.

Оставете го детергентот да отстои неколку минути во водата, а потоа внимателно сипете ја врелата мешавина во одводот и почекајте уште неколку минути да протече низ цевките.

Набрзо ќе забележите дека водата почнува сè побрзо да истекува, оставајќи го вашиот мијалник чист и функционален.

Ако водата и понатаму полека истекува, повторете го процесот неколку пати.

ФОТО: Taylor Flowe / Unsplash