Почетна ЕкономијаОбвинение одобрено, истрагата за „Адитив“ продолжува

Обвинение одобрено, истрагата за „Адитив“ продолжува

од nenad
1 минути читај за

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати обвинението против Б.Н. во случајот познат како „Адитив“, одбивајќи ги жалбите на одбраната.

Во исто време, доставен е обвинителен предлог против уште три лица за кривично дело „оддавање службена тајна“, а во тек е и разгледување на можноста за обединување на обвиненијата.

„Ја информираме јавноста дека Советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б. Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како продолжение на истрагата во предметот познат како „Адитив“, донесе решение со кое приговорите на обвинетиот поднесени преку неговите бранители се одбиваат а обвинителниот акт се одобрува во целост“, стои во известувањето од Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека истовремено со конкретното обвинение, до судот од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈО ГОКК) бил доставен и обвинителен предлог против Б.П.М., Т.Д. и М.С. за кривичното дело од чл. 360 од КЗ – Оддавање службена тајна, кој предлог не подлежи на оцена.

Дополнително, поднесено е и барање за спојување на обвиненијата со случајот „Адитив“, за кое, како што информираат од Кривичниот суд, ќе биде одлучено во иднина.

Случајот „Адитив“ е поврзан со неправилности во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра.

Истрагата вклучува над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, а обвиненијата се однесуваат на криминално здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари и оддавање службена тајна.

Рочиштето продолжува утре во КПУ Идризово.