Дејвид Бекам моментално се одмора со семејството во Италија, а фотографиите од неговиот син Круз во костим за капење предизвикаа вистинска сензација.
Поранешниот фудбалер и неговото семејство уживаат во луксузен одмор на италијанската ривиера, во живописниот Порто Ерколе. Од својата јахта, Бекамовите им испратија сончеви поздрави на своите обожаватели, а фотографиите кои ги споделија изгледаат како сцена од реклама за среќно семејство.
Сепак, најголемо внимание привлече најмладиот син, Круз, кој во бел костим за капење ги остави сите гледачи во шок. Наликувајќи на својот татко, згодниот и симпатичен Круз позираше на јахтата, а неговиот изглед во крупен кадар не можеше да се игнорира.
Поврзани објави
Јасно се забележува дека најмладиот Бекам е вистински наследник на атрактивните гени на семејството.
Фото: Инстаграм