Summarize this content to 100 words
Новиот избраник на популарната актерка е оженет, еве која е неговата сопруга.
Анџелина Џоли неодамна беше фотографирана во друштво на наследникот на банкарската империја Ротшилд, Дејвид Мајер де Ротшилд. Очекувано, фотографиите со молскавична брзина го обиколија светот и станаа главна тема во медиумитет, а сега се појавија нови информации за избраникот на Анџелина.
Имено, младиот милијардер е оженет, а негова сопруга е украинската актерка Карина Дајко, која, како Анџелина, е прекрасна бринета.
Поврзани објави
Што мисли Карина за поврзаноста на нејзиниот сопруг со една од најубавите жени на светот, не е познато. Таа засега не сакаше да коментира на оваа тема.
Фото: Кevin Winter Getty Images Via Guliver
Додека медиумите брмчат за новата романса на Анџелина, има и такви кои тврдат дека ручекот на холивудската ѕвезда со наследникот на империјата Ротшилд бил од деловен карактер, на кој, покрај нив, присуствувале уште неколку луѓе.
Иако Анџелина по разводот со Бред Пит ја поврзуваа со многу познати мажи, таа мудро молчеше, а и сега не е поинаку, па која е вистината за нејзиниот однос со Дејвид – времето ќе покаже.
Фото: Instagram (@la.gossiptv)


