Почетна Убавина и здравјеРечиси секогаш ги користат овие 4 реченици како напад – Убавина и здравје

Речиси секогаш ги користат овие 4 реченици како напад – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Зборовите може да станат оружје во бракот со манипулатор – овие 4 реченици ги користат за да ве збунат, засрамат и контролираат

Манипулаторите ретко го повишуваат тонот, а уште поретко признаваат дека повредиле некого. Нивната моќ е во суптилноста – во зборовите што на прв поглед не делуваат злонамерно, но со текот на времето емоционално исцрпуваат и ве наведуваат да се сомневате во себе.

Во брак со манипулатор најопасни се речениците што изгледаат како да произлегуваат од разумна или здрава логика, а всушност имаат цел да ве понижат, збунат и да ве направат зависни од неговата проценка на реалноста.

1. „Претеруваш“

Оваа реченица е клучната алатка за „гаслајтинг“ – емоционална манипулација со која партнерот ве наведува да ги преиспитувате сопствените чувства, доживувања и граници.

Зошто е тоа опасно?

Секогаш кога ќе изразите загриженост, тага, лутина или непријатност, манипулаторот ќе ве замолчи со зборот „претеруваш“. По некое време, престанувате да верувате во себе – и оттука почнува контролата.

2. „Ти си виновна што сум таков“

Префрлањето вина е заштитен знак на манипулацијата.

Како функционира?

Наместо да преземе одговорност за сопствените постапки, манипулаторот ја користи вашата емпатија против вас – ве убедува дека неговата лутина, заладување или повлекување е, всушност, последица на вашето однесување. Така ви наметнува чувство на вина и долгорочно ве очи да „одите по јајца“.


Поврзани објави

3. „Сите мислат дека си…“

Оваа реченица е пасивно-агресивна бомба. Наместо директно да го изрази своето мислење, манипулаторот се повикува на измислен „консензус“.

Зошто го прави тоа?

Сака да ве изолира и посрами, а вие да мислите дека тоа е објективното мислење на луѓето. На овој начин удира по вашата самодоверба, правејќи ве ранливи за понатамошно манипулирање.

4. „Само јас те трпам“

Реченица што звучи како жртвување, а, всушност е напад.

Што стои зад неа?

Манипулаторот се претставува како некој кој издржува покрај вас, иако сте тешки, комплицирани или непоправливи. Тоа е емоционална уцена со пораката: „Биди благодарна што воопшто те сакам“. Целта му е да се чувствувате недоволно добри и секогаш должни.

Како зборовите стануваат оружје?

Бракот со манипулатор не мора да изгледа како отворено насилство, но може да биде еднакво деструктивен. Клучот е е да се препознае во начинот на комуникација. Ако редовно ги слушате овие реченици и поради нив се сомневате во себе, чувствувате вина или несигурност – не сте пречувствителни, туку можеби сте емоционално манипулирани.

ФОТО: Vitaly Gariev / Unsplash