Меган Маркл веќе неколку месеци е на удар на критики – многумина тврдат дека целосно ја копирала кулинарската емисија на Памела Андерсон
Обожавателите на култната серија „Чувари на плажата“ се многу огорчени откако поранешната членка на кралското семејство, Меган Маркл, дебитира со својот најнов телевизиски потфат. Имено, целиот свет тврди дека го ископирала ТВ-форматот на Памела Андерсон, „Готвење со љубов“, кој беше премиерно прикажа на почетокот од годинава на Prime Video. Во неделната емисија Watch What Happens Live! отворено зборувала за Меган и признала дали ѝ пречи тоа што го прави…
„Прво, не сум ја гледала, но мислам, не ги измислив јас кулинарските емисии“, додавајќи дека Маркл само си го „прави своето“.
Драмата избила кога сопругата на принцот Хари за магазинот „Пипл“ ги споделила најдобрите совети за домаќинство, по повод објавувањето на книгата „Со љубов, Меган“ во март.
Кулинарските совети кренале прашина
Советите се однесувале на тоа како да се „подигне нивото“ на обичната вечера – на пример, ако нарачате храна со достава.
Наведувајќи ја кинеската храна како омилена опција за достава, Маркл за американскиот магазин рекла:
„Сакам да готвам, но дури и кога нарачува храна со достава, се обидувам убаво да ја послужам. Ги ценам сите што ми дозволија да правам грешки и да ги сфатам, и притоа да бидам нежна кон себе.“
Поврзани објави
Сличноста на емисиите е огромна
Двете поранешни ТВ-ѕвезди живеат повеќе од илјада милји оддалечени една од друга, но и двете се смешкаат и кикотат во силно осветлени селски кујни, снимајќи кулинарски претстави со своите фотогенични пријатели и познати личности.
И двете носат плетени кошници со овошје и зеленчук набрани од нивните градини, танцуваат од среќа и радосно им испраќаат бакнежи на своите познати гости. Двете серии имаат дури и ист број на епизоди: осум.
Кога била прикажана првата епизода на Меган, тоа предизвикало остри коментари дека ја копирала победничката формула на Памела.
„Толку е слично што е морничаво“, напишал еден, додека други ја нарекле серијата на Меган „неавтентична“ и „копија“.
Маркл ја снимала својата серија минатото лето, а првиот трејлер дебитирал во јануари. Андерсон ја снимала уште во февруари 2023 година, а трејлерот им бил достапен на сите од минатиот октомври.
Минатиот месец се тврдеше дека Маркл и принц Хари немаат шанси за нов договор со Нетфликс откако нивните две најнови серии пропаднале.
Емисијата за животен стил на Меган не успеала да се пробие меѓу 300-те најдобри програми на Нетфликс за првата половина на 2025 година, а ја надминале дури и сезоните на серијата Suits.
Втората сезона на серијата „Со љубов, Меган“ ја најавила самата војвотка, додека првата сезона излегла во март оваа година, како дел од договорот на двојката со стриминг-гигантот вреден 100 милиони долари, кој истекува оваа година.
ФОТО: Инстаграм, Јутјуб