По големото враќање во 2024 година, Victoria’s Secret официјално потврди дека нивната позната модна ревија ќе се врати оваа есен.
Веста беше објавена на 29 јули на Инстаграм, заедно со мистериозна фотографија од модел во сенка каде се гледаат само деталите од долната облека покриена со кристали и нежните пердувести крилја. Вистинското загревање дојде во форма на кратко видео во кое три модели заводливо велат: Светла, Камера, Акција, додека камерата ги доловува само нивните усни и ретро микрофон.
Иако сè уште не е познато точно кога ќе биде објавена новата емисија, се очекува, како и во претходните години, таа да се емитува. Се очекува модната ревија да се одржи на есен, веднаш по затворањето на Неделата на модата во Париз. За време на минатогодишното враќање, гледачите беа воодушевени од легендарните ангели како што се Тајра Бенкс, Адријана Лима и Кендис Сванепул, како и од новите имиња што ги менуваат модните стандарди, Ешли Греам, Алекс Консани и Палома Елсесер. Фокусот беше ставен на инклузивноста, различните типови на тело, возраста и потеклото на моделите, што е јасен знак дека Victoria’s Secret оди во нова насока, но не заборавајќи го и гламурот што го обележа брендот.
Минатогодишната емисија беше достапна за гледање на Amazon Prime Video, но и преку профилите на брендот на YouTube, Instagram и TikTok. Доколку соработката со Amazon продолжи, и овој пат емисијата ќе биде бесплатна за корисниците на Prime или достапна со бесплатна пробна верзија. Што се однесува до музичката програма, како и досега се очекуваат големи имиња. Минатата година публиката ја забавуваа Тајла, Лиза од „Блекпинк“ и Шер, а се шпекулира дека оваа година тоа би можеле да бидат ѕвезди како Сабрина Карпентер, Доечи, Чапел Роан или Грејси Абрамс. Едно е сигурно, „Викторијас Сикрет“ повторно ги враќа сјајот, крилјата и вниманието, но овој пат со многу поинклузивен пристап што подобро го одразува духот на денешницата.4
Поврзани објави
Фото: Instagram/ @victoriassecret