Задолжително мора да го пробате најдобриот рецепт за колач со сливи – сигурни сме дека ќе ве воодушеви со вкусот
Овој колач со сливи се приготвува за миг, а се топи в уста и колку подолго стои во фрижидер – толку повкусен е!
Состојки:
- 300 г сливи без семка
- 2 јаболка
- 1 чаша блендирани или ситно сечкани ореви
- 1 чаша гриз
- 2 чаши брашно
- 1 чаша шеќер
- пола пакување маргарин
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 лажица прашок за печиво
- 100 г чоколадо
- 1 лажица какао
Приготвување:
Во сад ставете брашно, какао, шеќер, гриз, ореви, ванила и печиво, па промешајте.
Поврзани објави
Премачкајте огноотпорен сад со лажица омекнат маргарин, па ставете ја во него сувата мешавина. Сето тоа прелејте го со преостанатиот стопен маргарин, па одозгора ставете ситно сечкано чоколадо.
Преку чоколадото наредете исечкани сливи и резанки јаболка.
Печете на 180-200 степени околу половина час.
Можете да го послужите врелиот колач со топка сладолед или да го оставите во фрижидер преку ноќ – ќе биде уште повкусен.
ФОТО: Maximilian Müller / Unsplash