8
Францускиот претседател Емануел Макрон ја искажа својата критика кон трговскиот пакт постигнат помеѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави.
“За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно”, изјави тој пред министри, како што пренесуваат француски дипломати.
Иако спогодбата обезбедува зголемена “видливост” за француските корпорации, Макрон напомена дека тоа е само почетен чекор и дека разговорите околу него ќе продолжат.
“Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда за суверенитет и конкурентност”, заклучи Макрон.
јт/Фото: Макрон на Х. Извор: МИА