Анонимен извор близок на двојката ги потврдил шпекулациите дека Памела Андерсон и Лиам Нисон се заедно
Памела Андерсон официјално е во врска со Лиам Нисон, тврди „Дејли Мејл“.
Тие веќе некое време се во романтична врска, а искрите почнале да се појавуваат кога во мај 2024 година во Атланта, Џорџија, го снимале филмот „Гол пиштол“, тврди анонимен извор за споменатиот британски медиум.
Актерите биле видени како се бакнуваат на црвениот килим додека ја промовирале високобуџетната комедија во Њујорк и Лондон.
„Лиам многу ја привлекува Памела, затоа што е комплетно отворен за нејзиниот начин на размислување и живот, а особено за нејзиниот однос кон славата, што навистина е импресивно“, рекол изворот.
„На пријателите им вели дека Лиам е вљубен до уши и дека постојано ѝ приредува убави гестови, ѝ испраќа цвеќе и поминува време со нејзините синови и кучиња“, додал изворот.
Изворот открил и дека успешно одржуваат врска на далечина во тајност, така што поминуваат време заедно во нејзината куќа во Канада.
„Дома, Памела готви и се занимава со градинарство… тоа е здраво, привлечно и тотално спротивно од холивудскиот живот, и на Лиам тоа му се допаѓа. Тој навистина е пожртвуван“, рекол изворот.
Во понеделник вечерта, на премиерата во Њујорк, Андерсон навестила дека се во врска кога се обидела да го бакне Нисон в уста, но се повлекла за време на заедничкото интервју за ЕТ.
Во разговор за порталот „Екстра“, и двајцата зборувале за нивната врска. Памела рекла:
„Едноставно си се допаѓаме еден на друг“, на што Лиам додал:
„Сè течеше природно. Ништо не форсиравме, оставивме да се развива само.“
Поврзани објави
На Инстаграм Памела напишала:
„Љубовта е во воздухот“, а целата објава гласи:
„Прекрасна вечер на премиерата на филмот ‘Гол пиштол’ во Њујорк… им благодарам на сите што дојдоа да се смеат со нас… љубовта е во воздухот“.
Во октомври 2024 година, Лиам истакнал дека ја сака Памела што привлекло големо внимание во јавноста. За магазинот „Пипл“ изјавил:
„Кога станува збор за Памела, лудо сум вљубен во неа. Феноменална е за работа. Не можам доволно да ја изнафалам, искрено. Нема големо его. Само доаѓа да работи. Духовита е и многу е лесно да се соработува со неа.“
Андерсон рекла дека Нисон е „вистински џентлмен кој го извлекува најдоброто од вас… со почит, добрина и длабоко животно искуство. Ми беше чест да работам со него.“
За EW изјавила:
„Дефинитивно постои искрена поврзаност меѓу нас, полна со љубов. Тој е прекрасен човек.“
Врската настанала на интригантен начин
Оваа вест доаѓа откако Нисон на шега кажал дека омилениот дел од снимањето на „Гол пиштол“ му биле секс-сцените со Андерсон. Нисон признал дека особено уживал во снимањето на љубовните сцени кои биле реализирани со помош на координатор за интимни сцени. За време на снимањето на тие сцени, двојката очигледно се зближила многу повеќе, што довело до оваа неочекувана романса.
ФОТО: Инстаграм