Тексасот никогаш не излегува од мода, но оваа пролет – тој оди чекор понатаму. Заборавете на класичните фармерки и јакни, затоа што тексас-обувките се најжешкиот тренд што ќе го носат девојчиња, девојки и жени од 7 до 77 години!
Од модните писти на улиците – тексасот е на вашите чекори! Од сандали и еспадрили, до патики, мокасини, па дури и чизми инспирирани од раните 2000-ти – тексас обувките го освоија модниот свет. Брендовите како Diesel, Balenciaga и MSGM веќе ги претставија своите верзии, а high street продавниците не заостануваат.
Особено популарни се светлите, избледени модели со реси, вез, па дури и кожени и платнени детали. Платформите од тексас не’ враќаат во Y2K ерата, додека балетанките и салонките од тексас се совршена мешавина од женственост и урбана елеганција.
Како да ги носите?
-
За кежуал-изглед: Тексас патики + предимензионирано сако + шорцеви
-
За бохо-вибрации: Чизми до колена + лелеаво фустанче
-
За давање модна изјава: Деним од глава до петици – да, denim-on-denim е повторно ИН!
Поврзани објави
Зошто сите зборуваат за нив?
✔️ Носталгични, но модерни
✔️ Комфорни, но стилски
✔️ Идеални за комбинации и експериментирање
Тексас-обувките се must-have парче оваа сезона. Без разлика дали сте љубителка на минимализам или сте модна авантуристка, со тексас на чекорите – нема да згрешите.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Инстаграм