Почетна Убавина и здравјеГо забрзува метаболизмот, а килограмите исчезнуваат без трага! – Убавина и здравје

Го забрзува метаболизмот, а килограмите исчезнуваат без трага! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Sardine Girl Summer е новиот тикток-тренд кој ги промовира сардините како суперхрана, богата со омега-3, витамини и колаген

Деновиве на ТикТок се појави нова диета и веднаш стана вирална – Sardine Girl Summer. Зад ова симпатично име се крие сериозно фитнес-движење кое промовира здрава исхрана преку една едноставна, но нутритивно моќна состојка – сардините.

Зошто сардини?

Сардините се богат извор на омега-3 масни киселини, кои докажано ги намалуваат воспалителните процеси, го чуваат здравјето на срцето и ја поддржуваат функцијата на мозокот. Покрај тоа, содржат значајни количества на витамини Д и Б12 – есенцијални нутриенти за јак имунитет, добро расположение и стабилна енергија.

Калциумот и фосфорот од сардините дополнително придонесуваат за зачувување на здравјето на коските, додека природниот морски колаген и коензимот Q10 нудат придобивки за кожата, зглобовите и клеточната регенерација.

Тренд од социјалните мрежи кој има и здравствена поткрепа

Трендот започна кога инфлуенсерките, најмногу од САД, Велика Британија и Австралија, почнаа да ги споделуваат своите оброци со сардини. Комбинираат конзервирани сардини со бисквити, путер, маслиново масло, кисели краставички, јајца и други додатоци – сето тоа внимателно сервирано во гурмански стил на штици или чинии.

Брзо добија милиони прегледи и коментари, а нутриционистите се согласуваат – овој тренд е и повеќе од оправдан.

Здрав и практичен оброк без готвење

Сардините се достапни во сите продавници, имаат долг рок на траење и за разлика од повеќето морски риби, еколошки се одржливи. Совршен избор за луѓе кои сакаат брз, вкусен и здрав оброк, без комплицирано готвење.


Поврзани објави

Овој тип на исхрана е погоден и за жени и за мажи, а особено е корисен за:

  • зачувување на мозочните функции (масните киселини и Б12)
  • здравјето на срцето (омега-3)
  • добра кожа, коса и нокти (колаген и протеини)
  • чувство на ситост и одржување на телесната тежина (поради високото количество на здрави масти и протеини)
Како да ги јадете? Инспирација за послужување

Нема правила – сардините можете да ги јадете како ви одговара. Некои идеи вклучуваат:

  • на потпечен леб со лимон и магдонос
  • со тестенини со лук и доматен сос
  • со крекери и сенф
  • во сендвич со авокадо
  • со ориз, маслинки и тврдо варени јајце

Не мора да ги јадете секојдневно – доволно е да воведете 2-3 оброка со сардини во исхраната неделно за да ги почувствувате здравствените придобивки.

Пример за оброк со сардини на топол ден:
  • 1 конзерва сардини (во маслиново масло, вода или сок од лимон)
  • неколку интегрални крекери или потпечен леб
  • путер, хумус или авокадо
  • маслинки, краставички, шери домати
  • тврдо варено јајце или парчиња фета-сирење
  • свеж лимон, магдонос, маслиново масло и зачини по вкус

Сето тоа се послужува ладно – совршено е за лето, за пикник, за на работа или како брз ручек дома.