Table of Contents
Северниот месечев јазол, познат и како Раху, од астролошки аспект значи духовен развој, кармички лекции и нови животни насоки
Ваквата положба на месечевиот јазол не влијае еднакво врз сите. Додека на некои им носи просветлување и креативен полет, на други може да им донесе низа предизвици, особено на оние знаци на кои не им е природно да бидат спонтани како рибите, на пример.
Кога се наоѓа во знакот риби, тоа во колективна смисла не повикува да им ја препуштиме контролата на другите, да развиваме емпатија, интуиција и верба во универзумот.
Девица
Како спротивен знак на рибите, девиците се познати по својот рационален, аналитичен и практичен пристап кон животот. Тие сакаат ред, структура, додека рибите носат хаос, интуиција и збунетост.
Предизвици за време на северниот месечев јазол:
- губење на чувството за контрола
- здравствени грижи
- сомнеж во одлуките што претходно биле цврсти
- соочување со чувството на беспомошност
Лекција: Не можете сѐ да контролирате!
Близнаци
Близнаците се знак на интелектот, комуникацијата и површата љубопитност. Северниот јазол во риби бара подлабоко емотивно разбирање, интуиција и поврзаност со себе и со другите.
Предизвици за време на северниот месечев јазол:
Поврзани објави
- конфузија во комуникацијата
- преплавеност од емоции
- губење на фокусот и чувство на растргнатост
- неспособност да се пронајде логично решение за проблемите
Лекција: Не мора сѐ да разбирате.
Стрелец
Стрелците обожаваат ширина, слобода и конкретни филозофски или морални одговори. Рибите им носат чувство дека сѐ е релативно, што може да ги вознемири.
Предизвици за време на северниот месечев јазол:
- губење на вербата во досегашните уверувања
- криза на идентитетот или духовноста
- сомнеж во целта и смислата
- проблем да го задржат оптимизмот
Лекција: И во тишината може да има мудрост.
Како северниот јазол во риби влијае врз повеќето знаци?
Во овој транзит акцентот е на:
- откажувањето од строгите планови и логиката
- развој на духовноста и внатрешната верба
- соочување со нереалните очекувања
- отстранување на стравовите поврзани со губењето контрола
Знаците што се поврзани со рутина, ред, материјални цели или логичен поглед кон животот може да бидат збунети. Многумина ќе имаат впечаток дека ништо не е сигурни, дека чувствата ги преплавуваат и дека мораат да научат како да му веруваат на процесот, што за некои и не е толку лесно.