Table of Contents
Цвеклото е совршен производ за оние што си ветиле дека ќе се хранат поздраво
Цвеклото е богато со фолна киселина, јод, калциум, магнезиум, железо, витамини А, Б1, Б2, Ц, Е и минерали. Цвеклото има моќ да го нормализира метаболизмот, да го стимулира имунолошкиот систем, да го елиминира заморот и да ја подобри мозочната активност.
Денес ви откриваме 5 рецепти за оброк-салата од цвекло што можете да си ја понесете на работа или да ја искориситите како замена за ручек:
Вкусна салата од цвекло: за добро варење и прочистени крвни садови
Состојки:
- 1 свежо цвекло
- 1 свеж морков
- 3 чешниња лук
- 100 г ореви
- Сол и бибер
- Маслиново масло
- Јаболков оцет (по желба)
Приготвување:
Изрендајте ги цвеклото и морковот, додајте ситно сечкан лук и ореви, па сето тоа зачинете го со масло и јаболков оцет. Додајте сол и бибер.
Салата од цвекло и зелка: ги елиминира токсините од организмот
Состојки:
- 1 цвекло
- 200 г зелка
- 2 јаболка
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица лимонов сок
- Зачини и свеж магдонос
Приготвување:
Оваа салата совршено ги отстранува токсините, ги решава проблемите со кожата и лошиот здив. Изрендајте ги сите состојки, па измешајте ги со масло и сок од лимон. Додајте сол, бибер и свеж магдонос.
Салата од цвекло и јаболка: одлична за доцна вечера
Состојки:
- 1 цвекло
- 2 јаболка
- 3 лажици сок од лимон
- 1 лажица мед
Поврзани објави
Приготвување:
Излупете ги цвеклото и јаболката и исечкајте ги на коцки. Додајте лимонов сок и лажица мед. Сето тоа измешајте го и уживајте во лесната вечера.
Салата од цвекло и сирење: гурманско доживување што не се заборава
Состојки:
- 1 цвекло
- 150 г пармезан
- 2 моркова
- 3 чешниња лук
- 50 мл павлака
- Сол и бибер
Приготвување:
Исчистете ги цвеклото и морковот, па изрендајте ги и додајте ситно сечкан лук. Сето тоа прелејте го со павлака и пармезан, додајте зачини и промешајте. Уживајте во совршената салата.
Салата од цвекло и јогурт: за совршена убавина
Состојки:
- 1 цвекло
- 150 мл јогурт
- 150 г суви сливи
- 150 г ореви
- 1 лажиче мед
Приготвување:
Ова јадење ја обновува и ја чисти кожата на лицето. Со редовно консумирање, кожата станува еластична, здрава и свежа.
Исчистете го и изрендајте го цвеклото, па исечкајте ги сувото овошје и оревите на ситни парчиња. Потоа, измешајте и додајте јогурт и мед.
За да го зајакнете и прочистите телото, не ви требаат скапи препарати. Доволно е само едно цвекло!
ФОТО: Radek Grzybowski / Unsplash