Започна сезоната на праски, искористете ја за да го приготвите овој прекрасен колач
Состојки:
- 3 големи праски
- 2 големи јајца
- 2 дл течен јогурт
- пола чаша шеќер
- пола чаша масло
- 2 чаши остро брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
Приготвување:
Поврзани објави
1. Праските измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на поситни парчиња. Измешајте го брашното со прашок за печиво во еден сад. Во друг сад ставете јајца и шеќер и матете околу пет минути додека смесата стане светложолта и густа. Потоа, малку по малку додавајте масло и полека матете на најмала брзина. Потоа, во садот додајте јогурт и рачно поврзете го со остатокот од смесата со шпатула или лажица. На крај, додајте просеано брашно и прашок за печиво и соединете го сето тоа.
2. Премачкајте плех за печење со малку масло или путер и посипете остро брашно. Префрлете ја смесата и распоредете ги праските одозгора.
3. Печете на температура од 180 степени, 30-40 минути, во зависност од јачината на рерната.