Пејачката ужива во Црна Гора без шминка и се подготвува за голем концерт
Ана Бекута одвои неколку дена за одмор и ужива во Бококоторскиот залив во Црна Гора. Таа се фотографираше во костим за капење на терасата од хотелската соба, откривајќи го погледот што го нарече „парче рај на земјата“.
Пејачката беше во природно издание, без шминка, и уште еднаш покажа колку внимава на својот изглед и негата на кожата. Шминка, вели, користи само за настапи и јавни појавувања.
Поврзани објави
Иако моментално одмара, Ана Бекута веќе се подготвува за интензивен период. Ја очекуваат бројни настапи, а во септември ќе одржи голем солистички концерт по повод 40 години на сцената.
Фановите со восхит реагираа и го пофалија нејзиниот изглед и позитивната енергија, докажувајќи дека годините за Ана се само бројка.
printskrin Youtube-blic ana bekuta