Ви откриваме рецепт за сладолед од само 2 состојки
Иако одењето до продавница за готова кутија сладолед може да ви се чини како наједноставното решение, овој лесен рецепт би можел да ве убеди во спротивното.
Љубителите на сладолед кои го испробале се воодушевени од неговиот богат вкус, дури и подобар од оној што би можеле да го најдете на полиците во супермаркетите. Тајната е во едноставноста и сестраноста на рецептот: матите смеса која е кремлива и богата, па ги додавате омилените додатоци пред да ја замрзнете.
Овој домашен сладолед има оцена од 4,7 ѕвездички на веб-сајтот AllRecipes. Еден коментатор напишал:
„Ова е толку лесно и толку кремливо истовремено, богато со млечен вкус и слатко. Сега веќе не морам да трошам пари на купечки сладолед!“
Многумина што се обиделе да го приготват овој едноставен сладолед, отишле чекор подалеку и додале разни состојки за да креираат свои уникатни вкусови. Друг коментатор заклучил дека рецептот не може да биде поедноставен и да е толку вкусен истовремено, а во својата верзија додал чоколадо.
„Следен пат ќе пробам да додадам и малку фил од вишни. Мислам дека можете да додадете речиси сè“, заклучил корисникот.
Поврзани објави
Сакате да направите своја порција? Рецептот е многу едноставен, а потребни ви се само две состојки.
Состојки:
- 500 мл слатка павлака за шлаг
- 1 конзерва (околу 400 г) засладено кондензирано млеко
Приготвување:
- Матете ја павлаката со миксер во разладен стаклен или метален сад додека стане пенеста и доволно цврста, но не премногу цврста. Би требало да ја задржи текстурата кога ќе ја подигнете маталката, но и понатаму да остане мека.
- Додајте кондензирано млеко и матете додека се соедини сето тоа убаво и смесата стане густа и хомогена.
- Префрлете ја смесата во плиток сад и покријте ја со пластична фолија.
- Ставете ја во замрзнувач околу шест часа додека се стегне целосно.
ФОТО: Palina Kharlanovich / Unsplash