Доколку сакате пополни усни, популарна блогерка покажа како да го постигнете овој ефект користејќи сосема природен метод.
Познатата блогерка на Јутјуб „Rclbeauty101“ обожава да споделува трикови и совети за убавина на својот популарен канал, а овој пат покажа како можете природно да ги зголемите усните, без да одите во салон или да се подложувате на козметички третмани.
Таа детално го опиша секој чекор од нејзината процедура за зголемување на усните, а еве што ви треба доколку сакате пополни усни за само неколку минути.
Пилинг за усни
Добро исчистете ги усните со четка за заби за да ја подобрите циркулацијата.
Смеса за нанесување
Вазелин – потребен ви е вазелин од аптека. Во сад ставете една лажичка вазелин.
Цимет – по можност во форма на капсула или масло.
Добро измешајте ги циметот и вазелинот, а потоа нанесете ја оваа смеса на усните и оставете да дејствува околу половина минута. Може да остане на вашите усни онолку долго колку што сакате, а можете да го отстраните со марамче.
Поврзани објави
Смукалка
Позната техника со која треба да бидете многу внимателни за да избегнете повреда. Не смеете да одите подалеку од линијата на усните, затоа никогаш не смеете со садот да ја допирате кожата надвор од пределот на усните, бидејќи така ќе предизвикате модринки и дамки.
Пронајдете сад што ќе одговара на големината на вашите усни за да не ја допира другата кожа. Направете вакуум со цицање на воздухот од контејнерот.
Шминка
Усните ќе ви бидат отечени по оваа процедура, но доколку сакате малку да ги подобрите и да постигнете поголем ефект на пополни усни, шминката одлично ќе ви послужи.
Обложете ги усните со молив, а потоа нанесете кармин во иста боја како и усните и, конечно, течен кармин или посветол сјај – само на центарот на усните.
Рејчел објаснува сè чекор по чекор и детално во своето видео на YouTube, па погледнете како го прави тоа и доколку сакате пополни усни – без хијалуронска киселина, следете ги нејзините упатства.
Видео: Јутјуб