Истражувањата покажуваат дека подигнувањето на горниот дел од креветот може да ги намали ноќните симптоми, но методата има и свои недостатоци
Илон Маск неодамна на социјалната мрежа X сподели необичен совет за луѓето кои имаат проблеми со враќање на желудочната киселина. Тој препорачува да се стават неколку книги под горниот дел од рамката на креветот, така што целата површина да биде благо наклонета кон стапалата. Маск претходно советувал и подигнување на горниот дел од креветот за неколку сантиметри, како и избегнување храна три часа пред спиење.
Зад овој совет сепак постои одредена научна основа. При гастроезофагеална рефлуксна болест, желудочната киселина се враќа кон хранопроводот и предизвикува чувство на печење зад градната коска. Проблемот често е поизразен навечер, бидејќи лежењето го олеснува враќањето на киселината. Подигнувањето на горниот дел од телото може да помогне гравитацијата да го намали тој процес.
I do this and love it
I use avocado mattress base for easy adjust
— Max Marchione (@maxmarchione) September 28, 2026
Поврзани објави
Едно истражување од 2012 година покажало подобрување на сонот кај 65 отсто од учесниците кои спиеле со подигнат горен дел од креветот, додека епизодите на рефлукс биле намалени. Преглед на пет истражувања од 2021 година, во кој биле опфатени 228 пациенти, исто така укажал на потенцијална корист од оваа метода кај луѓето со гастроезофагеална рефлуксна болест.
Сепак, методата не функционира еднакво добро за сите. Истражување од 2020 година покажало дека иако симптомите на рефлукс се подобриле, повеќе од половина од пациентите пријавиле несакани последици, меѓу кои лизгање од креветот, отекување на стапалата и глуждовите и болки во вратот или долниот дел на грбот. Затоа, научниците посочуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди оптималниот наклон со најмалку несакани ефекти.
Screenshot youtube